Дел од медиумите во Канада објавија дека во тек ее заложничка драма во компанијата за видеоигри „Убисофт“ во Монтреал, Канада. Како што јавуваат локалните медиуми, десетици вработени се на покривот на зградата. Вработени за „Блумберг“ изјавиле дека добиле безбедносни инструкции од компанијата, но дека не знаат што се случува.
Канадската телевизиска мрежа Си-ти-ви извести дека улиците во тој регион се блокирани и дека полицијата ги замолила граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.
Вработен во „Убисофт“ за Си-ти-ви рекол дека компанијата испратила допис во кој ги замолува вработените кои се во канцелариите да се скријат на безбедно и да бидат тивки.
Полицијата соопшти дека засега нема информации за повредени.
„Полициски службеници се упатени на местото на настанот како одговор на повик за помош на 991. Специјалните единици се на терен. Засега нема информации за повредени“, соопшти полицијата.
„Убисофт Монтреал“ е основана во 1997 година како канадска подружница на француската компанија „Убисофт“. Компанијата стои зад познати видеоигри како што се „Prince of Persia: The Sands of Time“, „Assassin’s Creed“, „Far Cry“ и „Watch Dogs“.