Во последните 24 часа на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола починаа четворица пациенти сите од Битола, а на возраст од 71, 72, 73 и 75 години, објави Тера тв.
Со ова бројот на починати пациенти во Битола е 47.
Во моментов бројот на активни случаи во Битола е 606, а од почетокот на пандемијата вкупно регистрирани од Ковид 19 се 1197 лица.
Бројот на оздравени пациенти во Битола е 548.