Општина Кисела Вода во населбата Драчево изврши реконструкција на улицата „52″.
На улицата, на потегот од дел од ул. „Антон Димитров”, од крстосницата со ул. „Киро Фетак”, до крстосницата со ул. „Методија Патчев”, во должина од 200 метри поставени се нови тротоари и истата е асфалтирана со два слоја асфалт.
Општината реконструкцијата ја изврши со сопствени средства.