Глобалната иницијатива Ковакс, заеднички покрената од СЗО и Алијансата за вакцини (ГАВИ), ја надмина својата цел да собере повеќе од две милијарди долари за купување и дистрибуција на вакцини за Ковид-19 за сиромашните земји, но посочува дека сè уште недостасуваат финансиски средства.
Досега, вкупно 184 земји учествуваат во инструментот Ковакс, од кои 92 се земји со низок и среден приход, квалификувани за пристап до вакцини за Ковид-19 во рамки на т.н. „Заложба за напредување на пазарот”, (АМС).
Финансирањето за АМЦ ќе овозможи Ковакс да купи почетни милијарди дози вакцини за 92 земји што не можат да си го дозволат тоа.
– И државите и поединците ширум светот ги вовлекоа рацете длабоко во своите џебови и ни помогнаа да ја постигнеме нашата цел, нагласи шефот на ГАВИ, Сет Беркли. Сепак, тој, исто така, предупреди дека итно им требаат средства за лекување и дијагностицирање.
До крајот на 2021 година им требаат дополнителни 5,3 милијарди долари за дијагностика и 6,1 милијарди долари за терапевтски процедури. Потребни им се и други пет милијарди долари во 2021 година за да набават дози вакцина Ковид-19.