Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Единствен кој си игра со човечки судбини во државата е губитникот Христијан Мицкоски. Само Мицкоски и групата околу него, корона кризата ја користат за спас на фотелјата во вилаетот на ВМРО-ДПМНЕ вреден милијарди.
Губитникот Мицкоски не го засега ништо освен бизнис интересите кои очигледно пак ги има, па оттука секој ден преку партиски памфлети, фали третмани во приватни болници за лекување на пациенти заболени од ковид.
Мицкоски, зошто ги потценуваш лекарите и медицинските работници кои од прв ден од почетокот на пандемијата деноноќно се на прва борбена линија со вирусот.
Мицкоски, дали ти плаќаат за ширење манипулации и лаги дека лекарите во државното здравство не знаат како да ги лекуваат пациентите заболени со вирусот ковид 19? Колку чини скриената реклама за фалење на ковид третмани во приватна болница?
Цела јавност те слушна Мицкоски како се фалиш дека манипулираш и штитиш осомничени лица. „Јас се борам СЈО и „Империја” да не поминат” – ова се твои зборови Мицкоски. Сега се бориш за третмани во приватни болници, колку совест те чини тоа Мицкоски?