На барање на украинската страна, МНР Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба.
Во оваа прилика, министрите Кулеба и Османи констатираа висок степен на развој на односите меѓу двете пријателски земји и редовниот политички дијалог, а изразија и посебно задоволство и од забележителното зголемување на трговската размена во првите десет месеци од 2020 година, со очекување таквиот позитивен тренд да продолжи и да се интензивира и во иднина. За таа цел, се очекува и скорешна средба на Мешовитиот комитет за имплементација на меѓудржавната спогодба за слободна трговија.
МНР на Украина Кулеба му го честиташе на МНР Османи неодамнешното приклучување на Република Северна Македонија во Организацијата за црноморска економска соработка и изрази надеж дека соработката меѓу двете земји ќе се продлабочува и на овој план.
МНР Османи го информираше својот украински колега за активностите поврзани со очекуваното започнување на пристапните разговори со ЕУ, како и за останатите приоритети на замјата на надворешно политички план.
Соговорниците се осврнаа и на актуелните регионални и глобални прашања.
МНР Кулеба го покани министерот Османи во прва ппгодна прилика да ја посети Украина, што е со задоволство прифатено.