На 12.11.2020 во 21.30 часот, на улицата „Васил Главинов“ во Охрид, при преглед извршен врз Т.Љ.(31) од Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.
Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различна тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид. Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.