Турските сили неутрализирале 14 припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ во зоната во која беше реализирана операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, пренесува „Анадолија“.
Информацијата преку соопштение на социјалната мрежа Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се истакнува дека нема да се дозволи терористичката организација ПКК/ЈПГ да го наруши спокојот и безбедноста во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.
Во соопштението се нагласува дека командосите кои ги преземаат сите мерки во ова подрачје, спречиле уште еден обид за инфилтрирање, неутрализирајќи 14 терористи.
Од 2016 година досега Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата повеќе од 30-годишна акција против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во земјата, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК).