Во раните утрински часови, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски – Мрме не го криеше задовослтовот од успехот во Тбилиси и пречекот на експедицијата на граничниот премин „Блаце“, откако поради маглата наместо на скопскиот слета на аеродромот во Приштина.
-Среќни сме што успеаве да го обединие народот, бидејќи ние во репрезентацијата така живеевме пет години. Без разлика на етничка, верска било каква припадност. Бевме големо семејство, а тоа ни донесе пласман на Европско првенство, рече Ангеловски.