Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги ослободи од обврските за средбите со Естонија и Ерменија, капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски.
Прекоманда од селекцијата до 21 година во А-тимот, добија Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков.
Сепак, Јанков ќе биде на располагање на младинската репрезентација за дуелот со Црна Гора.
Македонската репрезентација која вчеравечер обезбеди пласман на Европското првенство 2020, в недела во Ц-сегментот Група-2 ќе ја пречека Естонија, а три дена подоцна (18 ноември) ќе и гостува на Ерменија.