Фудбалската репрезентација на Македонија се најде на насловните страници на многу спортски медиуми, по вчерашната победа на Грузија и историскиот прв пласман на Европско првенство.
За историскиот подвиг на Пандев и другарите во рамките на Лигата на нации, простор одвои и британскиот Би-би-си.
Во својата сопортска рубрика Би-би-си објави статија во која кратко се објаснува патот на македонската репрезентација до ЕП, како и групата во која ќе играат нашите фудбалери.
На Фејсбук, пак напишаа: „Погледнете што ова значи за нив. Еве зошто постои фудбалот“.
Британците го нагласуваат и погодокот на капитенот Горан Пандев:
„На својот 115-ти настап за репрезентацијата, 37-годишниот Горан Пандев го постигна голот што ќе ја испрати Северна Македонија на нивното прво големо натпреварување.
Дефинитивно, најголемата вечер во фудбалската историја на земјата!“




