Веледрогеријата АД „Д-р Пановски“ со соопштение се огласи по информацијата дека полицијата влегла во просториите на фирмата и одзела документација во врска со истрага за паралелен увоз на лекови, пренесува Плусинфо.
Компанијата ги охрабрува сите надлежни институции да ги проверат и до крај да ги расчистат сите околности во врска со барањето за обезбедување и достава на документација за периодот до 2017 година, кое уредно го примила и согласно кое постапува, соопшти денеска компанијата.
-Го почитуваме интересот на медиумите, но немаме намера да изнесуваме детали за да не им попречуваме на надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија. Дел од сензационалните вести кои имаат за цел да го нарушат угледот на веледрогеријата АД „Д-р Пановски“ не можат да влијаат на фактите дека работиме исклучиво согласно позитивните законски прописи. Имаме разбирање дека темата за „паралелен увоз“ веќе со години на периоди ја бранува јавноста и затоа сметаме дека треба конечно да се стави крај на сите дилеми поврзани со законитоста на набавките и квалитетот на лековите. Го почитуваме интересот на медиумите, но немаме намера да изнесуваме детали за да не им попречуваме на надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија. Дел од сензационалните вести кои имаат за цел да го нарушат угледот на веледрогеријата АД „Д-р Пановски“ не можат да влијаат на фактите дека работиме исклучиво согласно позитивните законски прописи, велат од компанијата.
,– велат од компанијата.



