Загубеното ВМРО-ДПМНЕ сака нешто да демантира, ама не кажува што? Затоа што е точно.
Затоа што вистината не може да се демантира, ниту пак поврзаноста на партнерите на Мицкоски во хидроцентралите, во конкретниот случај фирмата Минка ДА со кредити во Еуростандард банка.
Јавноста знае дека компанијата „Енерготек” каде удел имал Мицкоски заедно со „Минка ДА” создаваат конзорциум, односно факт е дека сопственикот на овие компании е бизнис ортак на Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите.
Бизнис шемите на Мицкоски ако се проблем за ВМРО-ДПМНЕ очекуваме тоа така и да го соопштат.