Освен целосниот карантин што е на сила од саботата, во Грција од вечерва се воведува и полициски час, односно забрана за движење од 21 часот до 5 часот наутро.
Дозволено е излегување само поради работни обврски, од итни здравствени причини и за прошетка на домашно милениче, а за секоја од овие причини, потребна е соодветна потврда (за работа) или испратена смс порака.
Дописничката на МИА во живо, од центарот на Атина ја пренесува атмосферата кусо по почетокот на забраната.