– Прометот во индустријата во септември годинава е зголемен за 18,8 отсто во однос на претходниот месец и за 6,2 отсто во сопредба со минатогодишниот септември. Во првите деветмесеци од годинава, пак, прометот во индустријата е намален за 11,4 отсто во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 отсто и Капитални производи за 15,8 отсто, додека опаѓање има кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во овој период е зголемен за 0,5 отсто и бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 отсто, а опаѓање има кај Капитални производи за 29,5, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто. Во однос на август 2020 година, пак, е зголемен за 9,8 отсто, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на истиот од 2019 година има намалување за 2,7 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година е зголемен за 8,4 отсто и има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 и Капитални производи за 17,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто.Во споредба со август 2020 година е зголемен за 21,5 отсто, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на истиот период лани има намалување за 13,6 отсто.