Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е прогласен за виновен за корупција и извлекување пари преку агенцијата за маркетинг „Фими медија“.
Санадер беше прогласен за виновен на обновениот судски процес и осуден на единствена осумгодишна затворска казна. Пресуда е изречена и на негови поранешни соработници, како и на партијата ХДЗ.
Повторното судење на екс-премиерот започна во 2016 година, една година откако Врховниот суд ја поништи пресудата од 2013 година. Ова е исто така првпат да се суди на политичка партија во Хрватска.