Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа на тема: „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје”.
На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието, координаторите на Пратеничките групи во Собранието, пратениците кои не се организирани во пратенички групи и други учесници и гости, соопшти собраниската прес-служба.
Комисијата за финансирање и буџет ќе покани сведоци од различни државни органи и институции да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори за прашањето што е предмет на надзорната расправа.
Надзорната расправа се одржува на предлог на опозициските партии.