Фудбалерот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Нејмар ја напушти локацијата на бразилската репрезентација во Сао Паоло. Според „Глобо Еспорте”, откако бил прегледан од докторот на националниот тим, играчот тргнал назад во неговиот клуб.
Претходно стана познато дека Нејмар ќе го пропушти натпреварот против Венецуела од квалификациите за СП 2022, закажан за в утре.
Сепак, стручниот штаб се надеваше дека напаѓачот може да игра во вторник, но медицинските прегледи спроведени во Сао Паоло вчеравечер покажаа дека играчот нема да може да закрепне од повредата на адуктор на левата нога до средбата со Уругвај.