Горан Пандев ја оствари посакувана желба да ја заврши играчката кариера со настап на Европско првенство. Постигна гол во Тбилиси против Грусија (1:0) и си го трасираше својот пат да биде онака како што поскауваше. Скоро на 38-годишна возраст Пандев ќе ги предводи „црвено-жолтите“ на завршницата на ЕП со кое ќе се одбележи јубилеј 60 години откако се играат овие континентлни собири и затоа ќе биде одржан ширум Европа во 12 градови. Македонија ќе игра во романската престолнина Букурешт со соодветние селекции на Австрија и Украина и во Амстердам против Холандија.
-Не верував дека на 38 години ќе играм на завршниза од ЕП. Многу сум среќен и емотивен. Ова е голема победа за целиот наш народ. За сите нас беше голем сон да се игра на Европското првенство и ни се оствари тоа сега. Сакав да им помогнам на помладите колеги зашто ова е млад тим, но го заслужи настапот на ЕП. Возраста не е важна, затоа што сум играл многу вакви важни натпревари и го имам потребното искуство, изјави Пандев по пристигнувањето од Грузија.
Најискусниот со години и интернационален играчки стаж, бидејќи веќе две децении е „печалбар“ во Италија со еден кус излет до Турција, во репрезентацијата почна да игра пред 19 мгодини и стана играчот со најмногу одиграни натпреаври во државниот дрес 114, а има и најмногу постигнати голови 36. Бројки кои ќе останат предизвик за помладите да ги надминат.