Словачкиот фудбалски стартег Владимир Вајс ја напушта функцијата селектор на репрезентацијата на Грузија по поразот од Македонија (0:1) во Тбилиси во финалето од Лига нации за пласман на ЕП-2020 . Вајс како што објавил по средбата со Македонија, ќе ја напушта селекторската фотелја по двата домашни натпревари кои им претстојат со Ерменија на 15 ноемеври и три дена подоцна со Естонија, од новото издание во групата 2 од сегментот Ц во Лигата на нанции.
-Се извинувам за поразот. Јас сум одговорен за резултатот, но тоа е фудбал. Таков е животот. Им се извинувам на сите, на моите играчи, навивачите, федерацијата, Грузија. Македонија постигна еден гол и тоа и беше доволно да победи, честитки. На овој меч беа подобар тим. Тоа е многу тажен ден за мене, за сите, изјавил Вајс пред новинарите по натпреаврот
Вајс селекторската функција кај грузиската репрезентација ја презеде во 2016 година.