Уште еден обид за лет за депортација во Британија заврши со фијаско откако судиите им дозволиле на 28 мигранти да го избегнат протерувањето правно оспорувајќи ја депортацијата во последен момент, пренесува „Дејли мејл“.
„Не знам чии интереси мислат дека застапуваат овие адвокати, но секако не на британскиот даночен обврзник што го почитува законот“, се пожали пратеникот Тим Лоутон, член на влијателниот Комитет за внатрешни работи.
„Несфатливо е да плаќаме луѓе да бидат во земјата кога немаат основа да бидат тука и нашето гостопримство уште повеќе се злоупотребува од страна на адвокати кои користат сомнителни тактики во последен момент за да ги слезат луѓето од авионите, додавајќи уште повеќе трошоци со неискористени летови“.
„Ние постапуваме правилно и ги поддржуваме вистинските баратели на азил со основа да останат во Велика Британија, но системот е премногу отворен за злоупотреба“, додаде Лоутон.
Според критичарите, рамката на судско дејствување го спречува или го намалува и така малиот број нелегални мигранти и странски прекршители кои Министерството за внатрешни работи се обидува да ги депортира, а минатата недела беше спречено отстранување на други 37 мигранти од земјата.
Во октомври, скап чартер-лет ја напушти Велика Британија со само еден патник, откако сите други, околу 29 мигранти, правно го оспориле нивно отстранување.
Претходниот месец серија правни постапки во последен омент ја блокираа депортацијата на сите мигранти што треба да бидат на одреден лет за депортација.