аман помисливме дека ВМРО-ДПМНЕ го допрела дното и не може да падне пониско денеска нова брука, ново незнење од оваа очајна партија.
Ниту некој му избегал на МВР ниту она што го наведува ВМРО-ДПМНЕ има врска со реалноста.
Осамен во белиот дворец, губнитикот Мицкоски не може да ја види реалноста.
МВР денеска експресно пронајде лице и го спроведе на издржување мерка притвор, откако претходно од надлежна институција добило известување дека го нема во судот.
Тоа е демонстрација на ефикасноста на МВР на дело.
Законско постапување и ефикасност се непознати теми за ВМРО-ДПМНЕ.
Разбираме дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем со засиленото спроведување на правдата но, нека се навикнат, почитување на законите, ред, правда и дициплина мора да има.