Крајбрежната служба од грчкиот остров Лефкада во морскиот дел во близина на копното, открила чамец со околу 30 мигранти, меѓу кои и шест деца, објавија грчките медиуми.
Паралелно, биле уапсени и четири лица, со украинско потекло, кои веројатно се криумчари.
Мигрантите биле префрлени на копно, а со помош на локалните власти ќе се спроведат потребните процедури поради мерките за заштита од коронавирусот.