Tужбитe што ги покрена американскиот претседател Доналд Трамп за да ја дискредитира победата на новоизбраниот шеф на државата Џо Бајден, најверојатно нема да го променат резултатот од изборите, а главно станува збор за политика и прибирање средства. Тоа го најавуваат американски правни експерти и експерти за избрниот систем.
Трамп повеќепати се жалеше дека изборите биле со недостатоци. Тој дури тврди дека победил на претседателските избори на 3 ноември и ги обвинува демократите дека се обидоа да му ја „украдат” победата. Изборната кампања на американскиот лидер соопшти дека се бори за „слободни, фер и целосно транспарентни избори на кои се брои секој легитимен глас и не се брои секое незаконско гласање”.
– Сепак, судските процеси не ја одразуваат таа реторика, смета Џесика Левинсон, професор на Правниот факултет на Лојола во Лос Анџелес. – Во политичката реалност, гледаме обвинувања за масовна изборна измама. Но, на суд, ако ги погледнете случаите, сосема се поинакви, рече експертот.
Какви се тужбите?
Од денот на изборите до денес, Трамп покрена тужби во Пенсилванија, Мичиген, Аризона и Џорџија. Главната поплака кај многу од нив е дека републиканските набљудувачи не го добиле потребниот пристап до областите за пребројување на гласовите во областите каде што претежно има демократи. Повеќето барања поднесени оваа недела во Мичиген и Пенсилванија бараа судот да спречи властите во тие држави да ја потврдат победата на Бајден.
Во Пенсилванија, кампањата на Трамп се жали дека немаат пристап за набљудување на пребројувањето на гласачките ливчиња, а исто така несоодветно го потврдуваат идентитетот на гласачите и другите фактори кои, според нив, докажуваат дека не може да се верува на гласањето по пошта.
Во Мичиген, седиштето на Доналд Трамп се пожали дека на републиканските набљудувачи им е забранет пристап да го следат броењето на гласачките ливчиња испратени во конференцискиот центар во Детроит.
Дали адвокатите на Трамп зборуваат на суд за изборни измами?
И покрај реториката на американскиот лидер на Твитер, во судските процеси не се споменува изборна измама. На 11 ноември, во случајот на судот во Мичиген, кампањата вклучуваше изјави на републикански набљудувачи кои навестуваа дека можеби се случила изборна измама, но обезбеди малку докази.
Карл Роув, истакнат стратег на Републиканците, во написот во Волстрит журнал на 11 ноември напиша дека адвокатите на Трамп не доставиле докази за голема измама што може да доведе до поништување на победата на Бајден. Според Роув, постапките на претседателот веројатно нема да доведат до промени во државите и секако не се доволни за промена на конечниот резултат.
Каков успех постигна Трамп на суд?
Американскиот претседател извојува неколку мали победи во Пенсилванија. На 5 ноември, судот го одобри барањето на кампањата набљудувачите да го следат пребројувањето на гласачките ливчиња од пократко растојание. Кампањата на Трамп доби и одлука да отстрани мал број гласачки ливчиња испратени по пошта, бидејќи не може да се потврди од кого се испратени.
Судот брзо ги отфрли другите жалби на Трамп, вклучително и една во Мичиген, која вклучуваше пристап на набљудувачите до местата за пребројување на гласовите, и една во Џорџија, која укажува дека гласачките ливчиња што пристигнале подоцна не може да се бројат.
Која е целта на Трамп?
Правни експерти сметаат дека судските процеси имаат за цел да се фрли сенка на победата на Бајден во клучните држави како Пенсилванија и Мичиген. Доколку судот не дозволи локалните власти да ги потврдат резултатите во тие држави, тоа им дозволува на законодавните тела во кои доминираат републиканците да тврдат дека тој е вистинскиот победник и дека изборните електори вотие дрќжави треба да се за него. Конгресот потоа ќе треба да одлучи кои електори да ги признаат.
Републиканските пратеници во Пенсилванија ја отфрлија теоријата, велејќи дека парламентот нема никаква улога во изборот на електори.
Која е најсилната тужба на Трамп?
Правни експерти коментираат дека најперспективниот случај за американскиот лидер е оној што мора да го разгледа Врховниот суд. Републиканците се обидуваат да ја укинат одлуката со која им се дозволува на изборните службеници во Пенсилванија да бројат гласачки ливчиња со поштенски марки до денот на изборите, доколку пристигнат најдоцна во рок од три дена по гласањето.
Конзервативните судии одбија да одлучуваат за случајот пред денот на изборите, но навестија дека може да го сторат тоа по гласањето. Случајот е важен за државите бидејќи може да ја разјасни улогата на законодавците и судот во усвојувањето на изборните правила.
Сепак, таа тужба нема да влијае на победата на Бајден во Пенсилванија, бидејќи според локалните власти, во тој тридневен период биле прифатени само 10.000 гласачки ливчиња. Бајден води во Пенсилванија со повеќе од 53.000 гласови.