Јас тоа што имав да го кажам го кажав во мојот писмен извештај, во кој што убедливо говорам дека се работи за организиран криминал кој што не е почнат од пред година дена, туку почнато е со години наназад, вели сопственикот на пропадната Еуростандард банка, Трифун Костовски на денешната надзорна расправа на собраниска комисија за финансирање и буџет, објави Вечер.
Костовски посочи дека има три елементи, кои што укажуваат дека одлуките за отворање на стечајната постапка не е исправната, нагласувајќи дека претходно состојбата на банката десет пати била полоша отколку во моментот кога е донесена одлука за стечај на истата, како и дека ваквата одлука е донесена без собранието како највисоко тело кое ја контролира работата на Народната банка и без формирана влада.
Костовски е дециден дека целата постапка со Еуростандард банка е голем криминал бидејќи како што рече се работи за големи пари, додавајќи дека тој не отстапува да го докаже тоа.
-Друг правен субјект кој веднаш е однесен во стечај, нема освен Еуростандард банка, се работи за големи пари, за голем криминал. Парите имаат траги, бидете убедени, како полжавот и парите трага имаат, со стечајот фактички трагите се кријат, ако сакате да учествувате сите заеднички во вакво покривање на криминал, повелете. Јас од овој мој пат не отстапувам, порача Костовски.