Фудбалскиот сојуз на Египет денеска соопшти дека фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е заразен со новиот коронавирус.
Според соопштението, 28-годишниот фудбалер бил позитивен на тестот, но и нема никакви симптоми.
Другите играчи од репрезентацијата се негативни за Ковид-19.
Египет ќе одигра два натпревара против селекцијата на Того в сабота и во вторник, во квалификациите за Африканскиот куп на нации.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп има многу проблеми со составот поради повреди на играчите и коронавирусот.