Од компликации со коронавирус почина 49-годишниот лекар интернист Шкури Фазлији.
Според информациите, Д-р Фазлији бил во тешка здравствена состојба и три дека се лекувал на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје.
Фазлији бил вработен во Општа болница Куманово. Тој зад себе оставил ќерка и два сина.