Предлог Буџетот за 2021 година е континуитет на одговорните, домаќински политики на СДСМ во управувањето со јавните финансии.
Со него се обезбедува одржливост но и прецизни проекции со цел ефикасно справување со пандемијата на коронавирусот.
Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот Ребаланс 2020 година.
Расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година.
Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму кон забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкуретноста, како и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализација.
Согласно приоритетите Владата предводена од СДСМ се фокусира на реализација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравството, образованието, социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина.
Спас на работните места, вложување во здравството, реализација на капиталните инвестиции е она од што се водиме во овој Предлог-Буџет за 2021 година.
Низ отворена, конструктивна дебата во Собранието очекуваме Буџетот за 2021 година да биде донесен за последиците од коронакризаната брзо да се надминат.
Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, во нашата домашна економија.