Ерменците кои живеат во градот Карвачар во Нагорно Карабах започнаа да ги палат своите куќи по објавата за предавање на некои територии од Карабах на Азербејџан.
Како што се наведува, жителите на Карвачар изнесуваат покуќнина, мебел и животни од своите домови пред да го напуштат градот. На северниот пат во Карабај има многу автомобили, минибуси и камиони. Телевизиската водителка Олга Скабејова на својот Телеграм канал објави снимка на кој се гледа запалена куќа. Таа пишува дека луѓето ги палат своите имоти за да не им ги предадат на Азербејџан.
Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашињањ, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосно прекинување на борбените дејствија во Нагорно Карабах.
Како што се наведува во изјавата, еден дел од регионот преоѓа во контрола на Азербејџан, страните ќе разменат заробеници, а руските мировни сили ќе бидат распоредени долж контактната линија и коридорот Лачин, што го поврзува Нагорно карабах со Ерменија. Исто така предвидено е отворање на коридор меѓу Азербејџан и Автономната Република Нахичеван.