Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој и самиот пред еден месец го преболе коронавирусот, денес изјави дека градот треба целосно да се затвори на две до три недели за да се заузда ширењето на заразата, бидејќи повеќе од половина од случаите на зараза во Турција се забележани токму во Истанбул.
Турција во моментов ги бележи најголемите бројки уште од април.
Градоначалникот Имамоглу кажа дека епидемијата во моментов е надвор од контрола и дека целосното затворање го советува Научниот совет на градот, по што би следело контролирано отворање. Тој додаде дека ќе го прифати нивниот совет.
Имамоглу рече дека Истанбул мора брзо да реагира и да развие стратегија пред вториот бран на пандемијата.
-Ситуацијата не е како што беше во март, април и мај, за време на првиот бран. Кругот се стеснува“, нагласи Имамоглу.
Според него, само во Истанбул минатата недела најмалку 50 лица починале – повеќе отколку во цела Турција.