Активностите во областа на регионалната соработка и мултилатералната соработка на Република Северна Македонија ќе биде темата на прес-конференцијата за која денеска ќе информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на конференцијата посебен акцент ќе биде ставен на членството на Република Северна Македонија во Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), како и иницијативата на Владата која ја предводи Министерството за надворешни работи, за кандидатурата на Република Северна Македонија за Претседавач на ОБСЕ во 2023 година.