Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез проговори за тоа како можеше да заврши во Јувентус или Манчестер јунајтед минатото лето.
– Еден ден дознав дека Јувентус и Манчестер јунајтед сакаа да ме купат. Знам дека имаше понуди и преговори. Сепак, не беше постигнат договор. Среќен сум во Вулверхемптон. Нема ништо лошо во тоа да се биде таму каде што се чувствуваш добро. Екипата знае дека не сум задоволен од мојата форма и сакам да играм подобро, изјави Хименез за „TUDN”.
Во сезоната 2020/21, Хименез одигра девет натпревари за Вулверхемптон, постигна четири гола.
Порталот „Transfermarkt.com” го проценува 29-годишниот Мексиканец на 40 милиони евра.