Драма во Тафталиџе: Нападната екипа на Итна помош

Синоќа во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на улица Стокхолмска бидејќи имале повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица.

Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, соопштија денеска од МВР, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави