По изјавата на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека сè уште нема јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на пријавите од пратеникот Антонијо Милошоски, односно видео и аудиоматеријалите кои го инволвираат претседателот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев, во случувањата со предметот „Рекет“, се јави и Милошоски.
-За изјавата на обв.Рускоска и индициите за Заев и Рекет:
Очигледно е дека Заев е миленик на обвинителката Русковска, штом таа ја отфрла секоја сериозна индиција за вмешаноста на премиерот во Рекет. Не мора повеќе, доволно би било само да го вештачи мобилниот телефон на Заев и неговите контакти со осудените извршители во случајот Рекет и така лесно ќе стигне до нарачателите, напиша пратеникот на својата Фејсбук страница