Нови 54 КОВИД-случаи во Тиквешко, позитивни здравствен работник и вработена во градинка

Позитивни на Ковид-19 се здравствен работник и вработена во градинка, нови 54 случаи со коронавирус во Тиквешко  има регистрирано Центарот за јавно здравје Кавадарци,  потврди за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.  Починати се две лица на возраст од 78 и 83 години.

Новозаболени има во сите четири општини – во Кавадарци 32, Росоман девет, Неготино  11 и Демир Капија двајца. Новозаразените се на возраст од 20 до 74 години.

Треба да знаете
Последни објави