Османи и австрискиот амбасадор ќе изразат сочуство на семејството на Неџип Вренези, кој беше убиен во Виена

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со амбасадорот на Република Австрија во Скопје, Георг Вуцасутре  ќе ја посетат Велешта, Струга, каде ќе се сретнат со роднините на Неџип Вренези, кој настрада во нападите во Виена, каде ќе изразат жалење и сочуство до најблиските на жртвата.

Вренези е еден од четирите убиени во терористичкиот напад на Кујтим Фејзулаи. Вренези бил првата жртва на терористот, кој го застрелал четири пати пред кафулето каде излегол по служењето на шестмесечниот воен рок. Неговите пријатели биле внатре, а тој излегол да испуши цигара.

муслиманските гробишта одбија да го погребаат, откако беше убиен во престрелката со полицијатa.

Не е познато дали терористот, кој по потекло е од Челопек, ќе биде погребан во Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави