Три години власта предводена од СДСМ има катастрофална реализација на капитални инвестиции, секој година реализацијата е под 50 проценти.
Владата на Заев три години не изгради ништо, нема ниту еден проект кој го има започнато.
Во Македонија ништо не се гради. Нема капитални инвестиции, нема големи проекти нема инвестиции во инфраструктурата. Нема проекти во енергетската и комуналната инфраструктура.
Неспособната власт на СДСМ не изгради ниту еден автопат, регионален пат, на страна од тие кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ, не можат ниту да ги одржуваат, а долгот надмина над 60 проценти.
Реалноста е дека 40.000 работници останаа без работа, додека фирми се затвораат. Половина милион граѓани живеат со 130 денари на ден, народот буквално страда.
Со неспособната власт на СДСМ имаме пад на македонската економија од 4,9 отсто. Јавниот долг се искачи на историски 60,7 проценти од БДП, со што се надмина критичната границата според европските критериуми.
Земјава должи 6 милијарди 571 милион евра. За само шест месеци од пандемијата, јавниот долг пораснал за над 1 милијарда евра или за 9,3 проценти.
Македонија со СДСМ станува неликвидна а никој не знае каде завршија парите?
СДСМ треба да одговори каде ги потрошија парите, кои ги позајмија и го задолжија секое македонско домаќинство за нови 4 000 евра во последните три години.