Подли и ниски се провокациите на ВМРО ДПМНЕ кои во очаен обид да го прикријат криминалот во своите редови, користат лични навреди, својствено за оваа партија.
Лажни вести, деструкција, дејствување на штета на граѓаните, тоа е она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го прават и затоа уште долго ќе бидат опозиција.
Вистината е дека вчерашната надзорна расправа во Собранието околку случувањата со „Еуростандард Банка” покажа дека пропадна уште еден обид на очајната ВМРО-ДПМНЕ за партиско профитирање.
Во вода паднаа и обидите да се обвини СДСМ и власта заради неуспешната работа на менаџментот на „Еуростандард Банка”.
Случајот со „Еуростандард Банка” го водат, независни, професионални и одговорни институции кои работат согласно законите и единствено во интерес на граѓаните и државата.
Без разлика дали станува збор за банкарскиот сектор, за економијата, за здравјето на граѓаните или иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е секогаш на спротивната страна.
Ниту една лага, манипулација или навреди нема да го сопрат потопот што му се случува на Мицкоски.