Позитивни на Ковид-19 се здравствен работник и вработена во градинка, нови 54 случаи со коронавирус во Тиквешко има регистрирано Центарот за јавно здравје Кавадарци, потврди за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог. Починати се две лица на возраст од 78 и 83 години.
Новозаболени има во сите четири општини – во Кавадарци 32, Росоман девет, Неготино 11 и Демир Капија двајца. Новозаразените се на возраст од 20 до 74 години.