Полицијата на трага на меѓународен шверц на монети, уапсени двајца шверцери

На 13.11.2020 година по добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Штип, запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник  бил Ш.С. од Кавадарци.

При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети.

Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело Прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани, известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај Е.П (43) од Кавадарци, Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н (46) од Прилеп.

Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани. Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.

 

Треба да знаете
Последни објави