ЈП Водовод и канализација – Скопје е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, за проектот „Пречистителна станица за отпадни води – Скопје.
Изборот е во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ги признава достигнувањата во пет специфични категории: одржлива енергија, климатска обнова и одржливост, еколошки и социјални практики, еколошка и социјална иновација и родова и економска вклученост, велат од јавното претпријатие.
Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители и е еколошки капитален проект, во вредност од 136 милиони евра.
Проектот се очекува да обезбеди третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите и да делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар.