Се самоповредувал за да не го допира, а потоа вака ја уништил

Професорката Феј Мекроби (27) од Беркшир, ќе ги помине следните две години од својот живот во затвор откако судот утврди дека таа повеќе од 20 пати силувала ученик (16) од одделението на кое му предавала.

Случајот на силување се случил повеќе од 25 пати во текот на двегодишната „дружба“ која за ученикот се претворила во кошмар.

Сè започнало на часовите по боречки вештини каде Феј го снимила ученикот и по еден од часовите го бакнала. Тој бил збунет, но не се противел. Неколку дена подоцна, му предложила да водат љубов во автомобилот.

Ни на тоа не се спротивставил, но по односот решил да нема ништо повеќе со професорката затоа што не сакал таква врска. Бил премногу млад и не бил заљубен во неа.

Меѓутоа не го зел предвид фактот дека професорката е нимфоманка која не може да живее без секс од својата 17-та година, а тоа дека била затрескана“ во ученикот. Таа пред судот дури и признала дека планирала заедничка иднина со него.

Во следните неколку недели, Феј го присилувала момчето на сексуален однос, заканувајќи му се дека ќе им каже сè на родителите и дека сите ќе знаат дека тој ја силува неа! Момчето било многу исплашено и неискусно и не знаело како се одвиваат работите „меѓу возрасните“, па молчело и трпело сè при средбата со неа.

Феј купувала големи количини кондоми за средбите со него и сакала да води љубов 2-3 пати во рок од еден час. По околу година и пол сексуален терор, на момчето му се смачило, па дури и се обидело да се самоповреди кај гениталиите, само за да нема повеќе однос со професорката.

„Феј емотивно се фокусираше на мене. Ми се жалеше за нејзините проблеми, јас бев единственото суштество во нејзиниот живот. Имав чувство дека секогаш морам да бидам покрај неа. Се дистанцирав од семејството и пријателите, не смеев никому да кажувам низ што минувам и сексот ми се смачи до крајот на животот. Буквално ме принудуваше на тоа. Најлошо од сè е што не гледав излез се додека не „пукав“ во себе. Ü реков дека не можам повеќе, раскинував многу пати, но таа секогаш се закануваше дека ќе се самоубие поради мене. Морав прво да ја пријавам кај моите родители, а потоа и во полицијата и тука се спасив“, рече момчето пред судот.

На професорката и е забрането да биде во близина на ученикот до крајот на животот.