Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје
„Скопје и вечерва се гуши, а Шилегов два дена никаде го нема. Шилегов наместо да бара решенија и да работи на намалувањето со загадувањето ќе излезе од време на време на некој медиум и ќе каже дека Скопје добро се справува со загадувањето, а всушност народот се труе.
Петре Шилегов ги излажа скопјани дека ќе донесе алпски воздух. Воздухот во Скопје никогаш не бил повеќе загаден. Три години Шилегов го преспа мандатот и не направи ниту еден проект од значење за животната средина. Нема инвестиции во нови зелени површини, енергетско ефикасни објекти или друг вид на проекти кои ќе влијаат за намалување на загадувањето.
Шилегов ги труе скопјани и го умира градот. Наместо за борба против КОВИД 19 или загадениот воздух Шилегов дава 200.000 евра за лампиони. Лампионот Шилегов нема чувство за интересите на граѓаните.“