Кривичните пријави на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, поднесени до Јавното обвинителство со цел да докаже дека постои вмешаност на премиерот Зоран Заев во досието Рекет, нема да се процесуираат и нема да се покрене обвинителен акт.
Ваквата одлука ја соопшти Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција во интервју за емисијата „360 степени“. Иако не сакаше да биде директна и да го користи терминот „сечени, лепени, монтирани“, сепак таа откри дека станува збор за повеќе разговори кои се прекинати, па потоа се додавани други делови од други разговори.
„Се беше предадено на вештачење, во едниот случај диктафон, а во вториот случај беше телефон. Тие беа дадени на компјутерска форензика во рамките на Министерството за внатрешни работи и по екстрахирањето на податоците се вршеа анализи на истите. Од тоа што успеав да го прочитам од тие анализи е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“- изјави Русковска.
Јавноста сега го очекува одоворот дали е можно Милошоски да сноси одговорност за тоа што го пријавил премиерот со лажни материјали кои ги преставил пред обвинителите како докази. Што знаел Милошоски за содржината на снимките кои ги предал, односно дали тој може сега да му открие на Јавното обвинителство кој стои зад сечењето и монтирањето разговори.
Лоша му е кармата на Милошоски со прислушувани разговори. Прво, заедно со лидерот Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваа да ја манипулираат јавноста дека аудијата од нелегалното прислушување кои ги објавуваше СДСМ се „сечени, лепени и монтирани“ затоа што на нив се слушаше за нивниот криминал, за потоа тоа да му се врати како бумеранг- неговите наводни докази да ти биле прекроени.