Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму кон забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкурентноста, како и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализација.
Согласно приоритетите Владата предводена од СДСМ се фокусира на реализација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравството, образованието, социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина.
Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека планираните расходи изнесуваат 247,5 милијарди денари и се за 2,1% помали во однос на вториот Ребаланс 2020 година.
Очекуваме Буџетот за 2021 година, кој е израз на одговорите политика на СДСМ во управувањето со јавните финансии да се донесе низ отворена, конструктивна дебата во Собранието за да може брзо да се надминат последиците од коронакризата.
СДСМ како одговорна партија продолжува со грижата за сите граѓани и сите компании погодени со коронакризата.