Добро, прво има интерес, тоа е нешто кое што сме го објавувале уште пред самата криза, значи 2018, 19-та година, зборувавме за Железници и транспорт, Македонски пошти, Еврокомпзозит, Тутунскиот комбинат – Прилеп, ама и други ресурси, како што е ресурсот Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси коишто државата ги има. Доминантно заради тоа што очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде 100 %, може да биде ЈП партнерство, државата да остане еден дел, и под концесија да се даде или сл. Но тоа досега неефикасен ресурс во рацете државата и треба се стави во функција. Според мене ќе го земам примерот, сакате „Македонски пошти“ не го држи трендот дури и на регионот, да не зборуваме за европските пошти. Заинтересирани има веќе Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Слично имаме заинтересираност од Вишеградската група земји да инвестираат во такви дејности, изјави во премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на МРТ.