Според последните информации од Соединетите Американски Држави, екипата на Бруклин Нетс започнала преговори со Хјустон Рокетс за потписот на Џејмс Харден.
Идејата на тренерот Мајк Д’Антони во „ракетите“ исчезна и се чини дека целиот тим ќе се распадне. Д’Антони го напушти тимот, Вестбрук најави дека ќе го стори истото, а Харден наводно е на тој пат.
Се шпекулира дека „мрежичките“ за да го формираат големото трио ќе се ослободат од Спенсер Динвиди, Кери Леверт, Торијан Принц и Џерет Ален. Доколку се случи овој трејд, тогаш Бруклин веднаш ќе стане прв фаворит на Истокот, а ќе добие место во потесниот круг екипи кои ќе кандидираат за шампионската титула.
Харден ја започна својата кариера со Дурент во Оклахома, но потоа реши да излезе од неговата сенка и стана еден од најдобрите играчи во лигата во Хјустон.
The deal that could go down on Nov 22, according to Farbod Esnaashari of Sports Illustrated:
Houston Rockets receive: (a variation of) Spencer Dinwiddie, Caris LeVert, Taurean Prince, and Jarrett Allen.
Brooklyn Nets receive: James Harden pic.twitter.com/oRKY3eptBC— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) November 15, 2020