Иронично е СДСМ да зборува за млади. Партијата која вети враќање на наводно 600.000 иселени млади, не само што не ги врати, туку дополнително исели нови.
СДСМ дојде на власт лажејќи ги младите. 4 години подоцна нема ниту студентски град, ниту подобро образование, ниту повеќе работни места.
Напротив, имаме 40.000 нови невработени, 2 милијарди евра долг, и економија која пропаѓа.
Како очекува СДСМ граѓаните да им веруваат, кога лично Заев кажа дека ќе дозволи фирмите кои поминуваат миз криза да пропаднат, а Пендаровски дека доколку не е претседател и тој би се иселил од Македонија?!
Николовски нема зошто да ги лаже младите, кога и неговите шефови не веруваат дека се способни да направат нешто добро. Николовски треба да им ја каже вистината на младите, дека СДСМ ја утна работата и дека кога СДСМ зборува за млади и економија, граѓаните слушаат пропаст.