Изјава за медиуми, Трајче Трајковски, секретар на ОО СДСМ Ѓорче Петров
Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски, продолжува да се грижи за безбедноста на најмладите. Во тек е поставување на нова ограда на Општинското основно училиште Мирче Ацев.
По неколку децении, старата дотраена ограда во должина од 370 метри со поддршка од УСАИД, целосно се менува со што придонесуваме за поголема безбедност на учениците.
Општинската администрација преводена од СДСМ во континуитет, покажуваа дека се грижи за најмладите и нивната сигурност, не само во училиштата, туку и на улиците.
За потсетување, во соработка со град Скопје по само неколку месеци од мандатот на СДСМ беше поставен и семафор на улицата Борис Сарафов, улицата на која е најфреквентниот влез во училиштето. Општинската власт предводена од СДСМ продолжува со изработка на решенија за подобар живот на сите граѓани. Остануваме посветени на реализирање на ветувањата дадени пред граѓаните.