Мицкоски, секојдневно ги потценува лекарите и медицинските работници кои од прв ден од почетокот на пандемијата деноноќно се на прва борбена линија со вирусот.
Токму кадарот на Мицкоски, Гордана Кочовска Димитриевска кочеше средства од 33 милиони евра од Светска Банка за опремување на болници и ковид центри низ државата, кои ако средствата се реализираа навреме сега ќе беа целосно опремени.
Наместо поддршка и помош, Мицкоски шири лаги дека лекарите во државното здравство не знаат како да ги лекуваат пациентите заболени со вирусот ковид 19 и секојдневно ги рекламира приватните болници.
Мицкоски, колку чини скриената реклама за фалење на ковид третмани во приватна болница?
Цела јавност го слушна Мицкоски како се фали дека манипулира и штитиш осомничени лица. „Јас се борам СЈО и „Империја” да не поминат” – ова се зборови на Мицкоски, а сега тој рекламира третмани во приватни болници, колку совест го чини тоа Мицкоски?